Meдицинска сестра која се разбудила од кома тврди дека го запознала Бог и ја дознала целта на животот
Жената се присетила на чуден момент кога, според нејзините зборови, „го сретнала Бога“ откако паднала во кома.
Пени Витброд имала алергиска и била пренесена во болница, каде што доживеала чудно религиозно искуство. Витброд, која често објавува за своето искуство на Фејсбук и подкасти, изјави дека откако доживеала анафилактичен шок животот ѝ се променил.
52 годишната Пени од Кентаки, САД, имала тешка алергиска реакција со отежнато голтање и дишење, а нејзиниот син ја однел во болница. Во болница, жената била приклучена на кислород, но состојбата се влошувала.
Витброд тврди дека во тој момент нејзината душа го напуштила нејзиното тело и сфатила: „Времето овде на Земјата е толку структурирано, а времето таму навистина ти бега“.
Откако претрпела алергиска реакција од јадење школки, Витброд тврди дека пред видела силна светлина, а потоа наеднаш се појавил духот на нејзината баба и ја смирил, велејќи ѝ „да биде смирена“.
Тогаш имала религиозно искуство, вели дека се соочила со Бога, каде налутено зборувала за тешкотиите и тагите со кои се соочила таа и нејзиното семејство во нивните животи. Според Витброд, Божјиот одговор бил дека страдањето на овој свет ќе биде наградено во задгробниот живот и таа почувствувала мир.
Витброд рече дека го замолила Бог да ѝ дозволи да се сети на надреалното искуство пред да биде вратена во живот, велејќи дека ќе се чувствува безнадежно ако се врати без спомени. Витброд тврди дека веднаш оздравела кога се разбудила од кома.
„Многу ми е мило што некој е наоколу и не сум сама“, изјави таа.
Будејќи се од кома, жената почувствувала дека се помирила со страдањата што ги доживеала во нејзиниот живот.
„Направени сме да одиме напред, да ги надминуваме тешкотиите и да споделуваме добрина“, рече таа.
Витброд рече дека најголемата лекција што ја научила е дека „земните удобности немаат иста вредност во задгробниот живот. Тешкотиите и борбата даваат плод“.
Таа вели дека секој човек има шанса да го избере своето семејство и кои животни лекции сака да ги научи пред да дојде на овој свет. „Пред да дојдеш знаеш со какви проблеми ќе се соочиш“.
Коментирај анонимно