Медицинска сестра којашто сакала да скокне под воз и да се самоубие, 3 години подоцна се омажила за машиновозачот што ѝ го спасил животот

Медицинска сестра, која сакала да си го одземе животот скокајќи пред воз, била спасена од машиновозачот – кој подоцна ѝ станал сопруг. Шарлот Леј, 33 годишна мајка на три деца, стоела на шините подготвена да го заврши својот живот, кога одеднаш идниот сопруг, Дејв Леј (47), ја забавил брзината, застанал и разговарал со неа цели 30 минути. Со неговата помош, Шарлот успеала безбедно да стигне до платформата, каде ја пречекала полицијата и била насочена кон локалните служби за помош на менталното здравје.

 

 

 

Следниот ден, Шарлот го пронашла Дејв на „Фејсбук“ и му се заблагодарила за добрината. Откако ѝ возвратил со порака дека е достапен кога и да ѝ треба поддршка, тие почнале да разменуваат пораки секојдневно. По два месеци допишување, се сретнале на кафе, а три години подоцна се венчале, додека Шарлот била бремена 22 недели со нивното прво заедничко дете.

Шарлот објаснува дека разговорот со Дејв, иако обичен, ѝ помогнал да го надмине кризниот момент. Во 2019 година, по долгогодишна борба со депресија, анксиозност и емоционално нестабилно нарушување, таа ја донела „импулсивната одлука“ да скокне на шините на пат кон работа. Дејв, без никаква претходна обука за справување со кризи, ја пречекал и ѝ кажал сѐ што посакувал да им каже на луѓе во слични ситуации.

 

Шарлот и Дејв го споделуваат своето искуство со надеж дека ќе инспирираат други да бидат емпатични и поддржувачки настроени кон оние кои се борат со менталното здравје. Шарлот вели: „Иако би било идеално сите да имаме обука за справување со кризни ситуации, сите сме способни да помогнеме со емпатија и внимание“.

Дејв, исто така, бил благодарен што имал можност да се увери дека Шарлот е добро и дека ја спасил. „Само сакав да се осигурам дека е безбедна,“ изјавил тој.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *