Медицинска сестра покриена со тетоважи од глава до пети открива како изгледала порано
Милана Пулиаинен од Финска ја направила својата прва тетоважа на 17-годишна возраст и толку ѝ се допаднала што не престанала додека не била покриена со тетоважи од глава до пети.
30-годишната жена од гратчето Пиексамаки на почетокот била загрижена дека премногу тетоважи би можеле да влијаат на нејзината можност за наоѓање работа. Но, сега таа со задоволство работи како медицинска сестра.
Милана е љубител на тату-уметноста и не ѝ е грижа што мислат луѓето. Таа дури сподели фотографија од тоа како изгледала пред нејзиното тело да биде покриено со тетоважи.














