Медицинска сестра посвоила 14 годишно девојче што се породило со тројка пред нејзините очи

Првото родителско искуство е застрашувачко – сè е ново, а самиот чин на породување е предизвик сам по себе. Но, да се роди не едно, туку три бебиња истовремено, и тоа на само 14 години, е речиси незамисливо.

 

 

 

Токму тоа ѝ се случило на Шарија Смол, која родила тројка во болница во Индијана, САД. Нивната медицинска сестра, Катрин Малин, забележала дека младата мајка често била сама покрај нејзините предвремено родени бебиња – Серенити, Самари и Сараја. Бебињата се родиле на само 26 недели, далеку пред просечната бременост за тројки, која трае околу 33 недели. Поради тоа, тие поминале повеќе од пет месеци во одделот за неонатална интензивна нега.

Малин забележала дека Смол нема значајна поддршка и поминува долги периоди сама со бебињата. Двете почнале да се зближуваат, но младата мајка била резервирана кога станувало збор за нејзиниот семеен живот. Тоа се сменило кога дознала дека Малин родила дете на 16 години и го дала на посвојување – нивните слични искуства ги поврзале уште повеќе. Малин почнала активно да ѝ помага, давајќи ѝ совети за грижа за бебињата.

 

NICU nurse shares why she opened her home to teen with triplets

 

Пред исписот од болницата, Малин ѝ го дала својот телефонски број на Смол. Наскоро станало јасно дека таа нема соодветна поддршка, бидејќи често ја повикувала медицинската сестра за помош. Загрижена, Малин одлучила да ја посети во домот каде што живеела со роднини. Таму ја затекнала во лоши услови, а најголема тревога предизвикало здравјето на малечкиот Самари, кој бил видно неухранет. Тој морал повторно да биде хоспитализиран, што довело до вклучување на службите за заштита на децата.

По нивната интервенција, било одлучено дека Смол и нејзините тројки ќе бидат сместени во згрижувачко семејство. Таа ги дала контактите на Малин, по што нештата почнале да се движат во вистинската насока.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *