Медицинска сестра сака Кина да ѝ додели момче, затоа што се бори против коронавирусот

Медицинска сестра која работи во Вухан, Кина, побара од владата да ѝ најде момче откако ќе заврши борбата со коронавирусот.

Тјан Фанганг вели дека се надева дека „земјата може да ми додели момче кога епидемијата ќе заврши“, по долго време работење во импровизирана болница.

30-годишната девојка позираше на фотографија, додека сѐ уште го носи заштитниот костум држејќи парче хартија со порака, пред да ја сподели на социјалните мрежи. Наскоро објавата станала вирална и таа изјавила дека е изненадена кога открила дека „целата нација знае сега дека барам партнер“.

Медицинската сестра исто така потенцирала дека сака високо момче. Сепак, во моментот, таа вели дека нејзината најважна должност е да се грижи за пациенти со коронавирус. „Навистина барам дечко, но во моментов фокусот ми е да ја завршам мојата работа добро и да направам што треба да направи медицинска сестра. Тоа е да им помогне на луѓето од Вухан да ги надминат тешкотиите и заедно да го победат вирусот.“, вели таа.