Медицински брат ѝ помогнал на оваа жена да се откаже од дрогата и таа реши да му се заблагодари

Никогаш не е лесно да се врати животот на вистинскиот пат после многу години злоупотреба на супстанции. Секој опоравен зависник знае дека патот до закрепнување е трнлив и долг, но вистината е дека секој може да се опорави.

Сè што им треба е ефикасен третман, поддршка и безбедно опкружување. Една од овие успешни приказни ја сподели Мејси Батрајт, која ја надмина зависноста од хероин. Пред околу две години, младата жена конечно се убеди да побара помош.

Таа била безомник немала јадено цела недела, немала чиста облека ниту чевли, а имала и апсцес во раката од употреба на валкана игла. Така собрала храброст се јавила на својата баба и набргу завршила во болница. Нејзината мајка ја фотографирала пред да влезе во болницата. Мејси ја прашала: „Зошто ме фотографираш ваква?“, а нејзината мајка ѝ одговорила: „Еден ден ќе сакаш да го видиш ова.“

Наскоро таа повторно се предозирала и завршила во болница. Кога се разбудила медицински брат ја држел за раката. Таа била сама и исплашена, но тој останал покрај неа. Човекот ја сослушал и ѝ помогнал да се исплаче. Мејси вели дека досега кога завршувала во болница медицинските лица ја гледале како обична наркоманка која повторно ќе заврши на улица. Но, овој човек ѝ обрнал внимание и се однесувал кон неа како кон вистинска личност.

Дури и кога ја префрлиле на друго одделение медицинскиот брат повторно ја посетил за да разговара со неа, да ја охрабри и да ѝ посака побрзо закрепнување. Мејси вели дека не ѝ се верува дека некој со толку напорен распоред одвоил време за неа.

Две години откако се опоравила и застанала на свои нозе, Мејси решила да му се заблагодари на медицинскиот брат. Кога се вратила во болницата сфатила дека тој сега е главен на одделението за медицински сестри и таа вели дека тој целосно го заслужува тоа.

Али Фарес е името и презимето на херојот на Мејси. Таа сега води исполнет живот со нејзиниот син и не планира да ѝ се врати на дрогата.