Мекдоналдс ги затвора сендвичарите (виц)

Како што сите знаеме, Мекдоналдс реши да го поддржи целиот западен свети и да им стави санкции на Русите со напуштање на земјата и затворање на сите свои ресторани.
При напуштањето на Русија, еден новинар му прави интервју на главниот менаџер:
– Зошто си одите од Русија? Вие ќе загубите многу пари со затворањето на рестораните, а руското население нема да осети ништо. Како тоа вие ја санкционирате Русија?
Менаџерот му одговорил:
– Вие младо момче очигледно не сфаќате некои работи. Да, точно е, ние ќе имаме загуби, нашата внатрешна анализа покажа дека при затворањето само на еден наш ресторан, не само што цел персонал останува без работа, без работа остануваат и околу 10 кардиолози, 10 пластични хирурзи и 10 фитнес инструктори. Ако тоа не се санкции не знам што се.