Мексикански деца уште од 5 години се обучуваат да ракуваат со оружје, за да можат да им дадат отпор на нарко картелите!?
Овие фотографии се појавија на интернет, на кои се гледа како деца од пет години се обучуваат да користат оружје за да можат да пукаат во случај некој нарко картел да им ја загрози безбедноста. Сликите на мали деца со пушки од југозападната држава Гуереро беа шок за Мексико, државата која се повеќе се навикнува на вознемирувачки вести по две години рекордно ниво на насилство во светот.
Сликите беа објавени само неколку дена откако една локална нарко банда уби 10 лица и ги запали нивните тела.