Мексиканските картели не стивнуваат, овој пат нападнаа општинска зграда на границата со САД

Најмалку 21 лице починало како резултат на битката меѓу мексиканските полицајци и вооружените криминалци. Инцидентот се случил во Вила Унион, град во близина на границата со Тексас со државата Коахуила и ги нападнале канцелариите на локалната самоуправа, вклучително и онаа на градоначалникот.

Безбедносните сили реагирале, а 10 вооружени лица и четворица полицајци биле убиени за време на престрелка во општината. Седум дополнителни членови на картелот биле убиени од безбедносните сили, откако напаѓачите се фрлиле во бегство.

Ова доаѓа веднаш по „драматичното“ ослободување на синот на мексиканскиот наркобос Ел Чапо. Каде што картелот го опколил целиот град и полицијата била приморана да го предаде. Видеото од акцијата можете да го видите тука.

Исто така се верува дека Трамп предизвикал лутина кај мексиканските картели затоа што ги прогласил на исто ниво со „терористички организации“, но очигледно со вакви „одговори“ тие само му докажуваат дека бил во право.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!