Меланија Трамп се налути? Видео покажува како нешто лета од прозорец на Белата куќа
Вирусно видео покажува како непознато лице фрла предмет од прозорец на горниот кат на Белата куќа. Иако на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека зад тоа стои Меланија Трамп, официјален претставник изјави дека станува збор за изведувач кој вршел рутинско одржување, додека претседателот бил отсутен и играл голф во Вирџинија.
Снимката, прво објавена од Washingtonian Problems на Инстаграм, предизвика нови шпекулации за здравјето на Доналд Трамп, бидејќи последниве недели се појавија прашања за модринките на неговите раце. Белата куќа уверува дека тој има „одлично здравје“ и дека модринките се резултат на хронична венска инсуфициенција и често ракување.
Корисници на социјални мрежи исто така потсетија дека по 11 септември прозорците во Белата куќа биле заменети со прозори отпорни на куршуми, па затоа фрлањето предмети изгледа уште почудно.

Па и Меланија е жена, башка… балканка…
Проблем е што куќата е Бела… да беше Црна, може немаше да се гледаат предеметите што летаат преку прозор?
Коментирај анонимно