Менаџерка која била засрамена затоа што не му продала четка за заби за 1 цент на човек доби донации над 30.000 долари

Дејвид Левит ја објави својата поплака на Твитер, па дури и ѝ повика полиција откако се обиде да купи електрична четка за заби Oral B Pro 5000, која се продава за 89,99 $, но по грешка била обележана со цена од 0,01 $, во продавницата на Таргет во Свонси, Масачусетс.

Левит кој за себе вели дека е наградуван новинар објави дека менаџерот на продавници Тори Пероти го прекршила законот на Масачусетс, кога одбила да му ја продаде за означената цена.

Потоа тој објавил дека ја повикал полицијата и тие му кажале дека може да го тужи Таргет и дека тие ќе му напишат извештај. Човекот и ја фотографирал жената, за таа подоцна да стане извор на исмејување на социјалните мрежи.

На Твитер менаџерката почнале да ја нарекуваат #TargetTori и многу луѓе застанале на страната на Дејвид. Но, сепак наскоро сфатиле дека тој почнал да претерува. Човекот се жалел дека 3 години не отишол на забар затоа што немал пари и сакал добра четка за заби. Сепак на луѓето им станало смешно како некој кој има паметен телефон и време да седи на социјалните мрежи „нема толку пари“.

Така почнала петицијата да се соберат пари не за Дејвид, туку за менаџерката Тори и да ја пратат на одмор, затоа што претрпела многу стрес и непотребни навреди. Луѓето собрале 30.600 долари, а Тори се фотографирала со знак „Ви благодарам за вашата љубезност“.