„Месечината на Уран може да има вонземјани“, велат научниците, откако открија докази за океан под нејзината површина

Научниците продолжуваат да го истражуваат прашањето за постоење на живот надвор од Земјата, а според нови истражувања, животот можеби е поблизу отколку што се мислеше. Ново истражување од лабораторијата „Johns Hopkins Applied Physics“ сугерира дека на месечината на Уран, Миранда, може да постои подземен океан со потенцијални услови за живот.

 

 

 

„Наоѓањето на докази за океан во внатрешноста на мал објект како Миранда е неверојатно откритие“, вели коавторот на студијата Том Нордхајм. Истражувањето сугерира дека можеби и други месечини на Уран поседуваат океани, што ги прави интересни за идни истражувања. Тимот на научници го реанализирал теренот на Миранда, користејќи компјутерски модел за да ја испита структурата на нејзината внатрешност и откриле дека пред околу 100-500 милиони години, на околу 30 километри под површината на Миранда се наоѓал океан кој би зафатил речиси половина од месечината.

 

 

 

Научниците сеуште не знаат дали океанот е присутен и денес, но овие наоди поттикнуваат иницијатива за нова мисија до Уран. Според Нордхајм, „не можеме да знаеме сигурно дали има океан сè додека не се соберат нови податоци“.

 

 

Последната посета на Уран ја направи сондата „Војажер 2“ во 1986 година, а повиците за нова мисија до Уран се актуелни. Националната академија на науките во 2022 година исто така ја препорача оваа мисија, со цел подетално проучување на овој интересен леден гигант.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *