Огнена топка го осветли ноќното небо во Јапонија и ги преплаши луѓето

Многу луѓе останаа преплашени откако огнена топка го осветли небото во Јапонија. Секој има слушнато за „ѕвездите кои паѓаат“ поточно метеорите горат додека влегуваат во атмосферата на Земјата и се зголемуваат на небото. Сепак, ретко е да се види еден толку близок и толку сјаен, што може да осветли град.

Граѓаните низ цела западна Јапонија пријавија и снимија силен излив на светлина што паѓа од небото околу 1:35 часот по полноќ.

Јавната телевизиска станица во земјата, успеа да ја фати огнената топка како ги осветлува централните префектури Аичи, Мие и другите области. Такеши Инуе, директор на општинскиот планетариум Акаши, вели: „Веруваме дека последниот излив на светлина беше исто толку светол како полна Месечина.“

За метеорот се верува дека е болид, прилично светла форма на метеор што експлодира кога влегува во атмосферата. И покрај тоа што тие се всушност доста чести, сепак не е вообичаено тие да бидат толку светли како оној виден во Јапонија.

Снимката ги зачудува луѓето низ целиот свет. Еден корисник напиша на социјалните мрежи: „Небото стана светло за момент и се чувствував чудно затоа што не можеше да биде молња. Ја почувствував моќта на универзумот!“ Друг напишал: „Дали тоа беше огнена топка? Мислев дека тоа е крајот на светот.“

Третиот напишал дека метеорот направил „татнеж“ додека паѓал низ небото, пред да испушти моќна светлина.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.