Милијардерот се ожени со модел и покрај тоа што неговото семејство било против нивната „љубов“

Љубовта е комплицирана работа, често избраникот/избраничката иако според вас се совршени семејството може да ги замеша прстите и да каже дека на нив не им се допаѓа.

Особено ако саканата личност изгледа како да ви е внука/внук. Токму ваква „несреќа“ го погодила овој аргентински милијардер.

73-годишниот Едуардо Франциско Костантини се вљубил во жена која е цели 43 години помлада од него. Тој своето богатство го стекнал со недвижнини и е основач на Музејот на латиноамериканска уметност од Буенос Аирес. Едуардо се ожени со Елина Фернандез, 30-годишна манекенка.

И покрај критиките од најблиските и тролањето на нивната љубов на социјалните мрежи 73-годишниот Едуардо со гордост ја претставува љубовта помеѓу него и Елина. Неговите деца настојуваат на тоа дека Елина е со него само за парите, но Едуардо воопшто не верува во каквите тврдења.

Тие претходно биле во врска 9 месеци пред Едуардо да ја запроси. Една пријателка на Едуардо тврди како Елина намерно се појавувала на сите настани каде што е тој со намера да го заведе и да се омажи со него за парите. Секако Едуардо е „глув“ на овие обвинувања затоа што тој е „заслепен“ од љубов кон новата сопруга.