Милијардерот, Брајан Џонсон, чија цел е да живее вечно, открива зошто пие 110 таблети дневно и јаде печурки со чоколадо- и исто така советува да се пие вино за појадок!

Милијардер, технолошки гуру, чија цел е да „живее вечно“, открива како изгледа неговата  сложена секојдневна рутина, за да си го продолжи животот што е можно подолго.

 

 

Брајан Џонсон (45), технолошки магнат од Калифорнија, кој го продал својот бизнис „Braintree Venmo” на „PayPal” за 800 милиони долари пред речиси 10 години, разговараше со Стивен Бартлет оваа недела во „Diary of a CEO Podcast“.
Тој верува дека доколку секогаш спиете во исто време, никогаш не јадете после 11 часот и земате 111 таблети на ден е клучот за вечна младост.

 

 

 

Магнатот додаде дека неговата главна цел во 21 век е „да не умре“ и дека прави се што е можно за да си го продолжи животот – што исто така вклучува инјектирање на плазмата на неговиот 17-годишен син.
„Се бунтувам против културата на смртта“, вели тој на подкастот.

„Роден сум за да ја воведам оваа нова идеја на човештвото“, изјави тој за ѕвездата на „Dagon’s Den“, Стивен.

Говорејќи оваа недела, тој откри и како тоа што е роден мормон и се бори со депресија и често мисли на самоубиство, всушност се работи кои водат до неговиот успех сега. Но, исто така вели дека е загрижен што претходно не се грижел за себе, порано во животот.
Брајан додаде дека мисли дека е „апсолутно можно“ да се „живее вечно“ и дека сите свои одлуки ги носи преку алгоритам, па затоа не му дава „овластување“ на својот ум да донесува одлуки.

 

Тој смета дека спиењето е најважно за него и дека го мери квалитетот на неговиот сон, добивајќи 100 отсто квалитет шест месеци по ред.

Магнатот откри дека секој ден си легнува во 20.30 часот, што може да биде штетно за неговиот социјален живот – но вели дека вреди.
Кога ќе се разбуди, често не зборува со никого четири или пет часа за да може да размислува на мир.

Тој исто така јаде 2250 калории дневно, што е строго на растителна основа, јадејќи сè помеѓу 6 и 11 часот.
Виното, вели тој, треба да се пие и наутро и да се ограничи на 250 милилитри на ден.
„Го изградив мојот живот околу спиењето“, објасни тој.

 

„Мојот последен оброк во денот е во 11 часот, додека да си легнам имам повеќе од осум часа варење. Извршив неколку стотици експерименти за ова. Најдобро спијам со празен стомак“.
Тој додаде дека „никогаш не дели кревет“ со никого и дека никогаш нема да има секс по 20.30 часот.
Разговарајќи за неговата диета, Брајан рече дека јаде 2250 калории дневно и „секоја калорија мора да се бори за својот живот“.

Денот го започнува со сад со „супер зеленчук“ кој вклучува брокула, карфиол, лук, ѓумбир и семки од коноп со екстра девствено маслиново масло и какао. Тој не додава сол или зачини освен калиум хлорид. Јадејќи околу килограм зеленчук дневно, тој вели дека додава темно чоколадо за да ја победи желбата за слатки.
Потоа има „десерт“ од макадамија помешан со бобинки и протеини.

Тој и неговите лекари тврдат дека за две години ја намалил вкупната биолошка возраст за повеќе од пет години и сега има срце на 37-годишник, кожа на 28-годишник и капацитет на белите дробови и кондиција на 18-годишник. Неговиот медицински тим е предводен од Оливер Золман, 29-годишен доктор кој ги истражува терапии за стареење во Кембриџ.

Во неговите 30-ти, претприемачот ја основаше „Braintree Payment Solutions”, исклучително успешна компанија која ја продаде во 2013 година за 800 милиони долари.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • THE IRON HEART напиша:

    zolto kombe da si povika 🙂

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *