Милионер ги предупредува заљубените парови: „Не ми е гајле колку се сакате, никогаш не ги спојувајте вашите пари“

Кевин О’Лири, познат од емисијата Shark Tank, има цврст став кога се работи за љубовта и парите: држете ги одделно. Во неодамнешно интервју за Fox News, овој претприемач го истакна своето верување дека финансиската независност е клуч за силна врска.

„Секому му велам исто: имајте сопствена сметка, сопствена кредитна картичка – никогаш не ги спојувајте вашите финансии,“ советува О’Лири. Според него, љубовта можеби е непроценлива, но губењето контрола врз своите пари е ризик кој не вреди да се преземе, особено ако врската заврши.

 

Овој став на О’Лири се коси со едно неодамнешно истражување кое покажува дека паровите што ги спојуваат своите финансии имаат посилни и посигурни врски. Истражувањето откри дека заедничките финансиски цели и ресурси градат доверба и тимска работа.

Сепак, О’Лири тврди дека ризиците се поголеми од придобивките. „Ако се разведете, а вашите финансии се споени, ќе останете како ‘никој’ во нашиот систем,“ предупредува тој, истакнувајќи ја ранливоста на многумина при развод.

 

Оваа дебата околу споделените финансии отвора пошироки прашања за довербата и индивидуалноста во врските. Додека некои го гледаат спојувањето на сметките како природен чекор кон поголемо единство, други, како О’Лири, го гледаат тоа како потенцијална слабост. Без разлика дали се согласувате со ставот на О’Лири, неговиот совет е потсетник дека во љубовта треба да се влегува со широко отворени очи – и со финансиите цврсто во сопствените раце.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *