Министер оди во македонско планинско село (виц)

Македонско планинско село. Му ѕвони телефонот на претседателот на месната заедница.
– Ало, кај вас денес ќе дојде министерот да ја пресече лентата на новиот споменик.
Претседателот на месната заедница брзо го вика помошникот и му вели:
– Трчај брзо на сред село и пукни со пушката, да се соберат селаните и да ги известиш.
Ја зема овој пушката, оди на сред село и БУУУМ, пука еднаш силно.
Штама во селото само баба Стојанка излегува на прозорецот.
– Што пукаш синко, лебот да не дојде?!
– Не бабо, министерот доаѓа во селото!
По кратко време помошникот решил да пукне уште еднаш затоа што никого не известил. БУУУМ пука пак силно и пак само баба Стојанка излегува на прозорецот:
– Што пукаш синко, лебот да не дојде?!
– Не бабо, министерот доаѓа!
– Па не ли можеше да го погодиш од прв пат?!