Министерот на посета во македонско планинско село (виц)

Во едно македонско планинско село му ѕвони телефонот на претседателот на месната заедница:
– Ало, кај вас ќе дојде министерот да ја пресече лентата на новиот споменик.
Претседателот на МЗ ја зема ловџиската пушка и оди на сред село да ги извести селаните. Пука еднаш, за да се соберат сите. Во куќите штама, само баба Трајанка излегува на прозорецот и прашува:
– Што е бре?! Лебот да не дојде?
– Не, бабо, доаѓа министерот да го пушти споменикот.
Бабата си влегува дома и го затвора прозорецот. Претседателот на месната заедница нема идеја што да прави па решава уште едаш да пукне во воздух. Чека да излезат луѓето, но пак само баба Трајанка на прозорецот ама сега нервозна:
– Што пукаш пак бе, лебот да не дојде?!
– Не бабо, министерот доаѓа.
– Е па не ли можеше да го погодиш првиот пат!?