Министерството за култура на Украина пронајде совршен начин преку уметност да сподели совети за Covid-19
За време на тековната пандемија на коронавирус, многу луѓе сè уште ги игнорираат основните правила на карантин и лична безбедност. Можеме да кажеме дека способноста за издржување на карантинот е еден вид уметност.
Така агенцијата Лома во Украина смисли социјална кампања наречена „Уметност на карантинот“ и истата беше поддржана од Министерството за култура на Украина.
Користете достава
Користењето на службите за достава го намалува бројот на контакти и го минимизира ризикот од инфекција.
Социјално дистанцирање
Да се остане дома и да се задржи социјална дистанца е најефективниот начин да се спречи ширењето на вирусот.
Носете маска за лице
Покријте ја устата, носот. Избегнувајте да го допирате лицето откако ќе ја ставите маската.
Направете набавка
Со набавка ќе бидете во можност да останете дома подолго и да го минимизирате потенцијалниот ризик од инфекција.
Користете антибактериски гел за раце
Користете антибактериски гел за рацете и додатоците да ви бидат чисти.
Одржувајте дистанца
Кога сте на јавни места одржувајте дистанца од 2 метри.
Плаќајте со картичка
Користење на картичка за плаќање наместо кеш може значително да го намали ширењето на инфекцијата.
Користете ракавици
Користете еднократни ракавици за да избегнете контакт со потенцијално заразени луѓе.
Мијте ги рацете
Често мијте ги рацете со сапун за да ги убиете вирусите кои можеби се на нив.