„Мирис на староста“ – што го предизвикува овој мирис кај старите луѓе и која храна помага во негово спречување
Малку мириси се толку препознатливи – и непријатни – како т.н. „мирисот на стари лица“. Комбинација од мувлосан воздух, картон и застоеност, овој мирис долго време се сметаше за неминовна последица на стареењето. Но, според експертот за долговечност Лесли Кени, тоа не мора да биде така.
Причината за овој мирис е соединението 2-ноненал, нуспроизвод на „рѓосување“ на себумот (маслото на кожата) предизвикано од оксидација. Со стареењето, природната заштита на кожата од антиоксиданси опаѓа, а клетките се обновуваат побавно. Тоа овозможува лошиот мирис да се задржи и не може да се измие или прикрие со парфем.
Решение преку исхраната
Решението, вели Кени, доаѓа „одвнатре“ – преку исхраната. Клучна храна се печурките, особено шитаке и остриги. Тие содржат ерготионеин – моќен антиоксиданс што го спречува создавањето на 2-ноненал, и спермидин – соединение што го активира процесот на автофагија, односно регенерација на оштетените клетки.
Соодветната исхрана, богата со овие состојки, не само што може да го намали непријатниот мирис, туку и да го забави стареењето, го подобрува метаболизмот, мозочната функција и имунитетот. Истражувањата покажуваат дека печурките може да го намалат ризикот од когнитивно опаѓање, висок притисок, рак и оштетување на мозокот.
Кени препорачува да се вклучат повеќе печурки во исхраната особено при влегување во перименопауза, кога се јавува пад на хормоните и се зголемува ризикот од појава на „старечки“ мирис.
Коментирај анонимно