Мисица мие садови во ресторан затоа што суровата судбина ја приморала на тоа

Најчесто ваквите атрактивни девојки не сме навиканти да ги гледаме на вакви работни места. Но, приказната за мисицата на
Кизилординската област во Казахстан е поразлична. 19-годишната убавица која некогаш задача ѝ била да прави фотосесии сега мие садови и лупи лук во локален ресторан во градот Кизилорда. Девојката била приморана да започне да работи за да преживее затоа што неодамна останала сирак. Нејзиниот татко починал пред две години, а пред неколку месеци починала и нејзината мајка. Таа вели дека мажите кои ги запознавала веднаш ѝ предлагале „непристојни понуди“ и затоа таа одлучила чесно да си ги заработи парите.