„Мислат дека сум девојка на мојот син“: Оваа мајка стана популарна на социјалните мрежи благодарение на младешкиот изглед

За ѕвездата на TikTok често велат дека е девојка на нејзиниот син, кога таа всушност е средовечна жена и мајка на 6 деца.

Клер Барат е зафатена жена. Како поранешна полицајка со 6 деца (од кое најмалото има 15 месеци) нејзините раце се повеќе од полни.

Сепак таа успеа да стане ѕвезда на TikTok откако луѓето почнаа да ѝ се воодушевуваат на младешкиот изглед. Клер, која живее во Хал, Јоркшир со нејзиниот сопруг Џон и нивните деца се придружила на апликацијата пред три месеци за да објавува смешни видеа и да се почувствува млада. Така „случајно“ таа собрала 145.000 следбеници.

На 40-годишна возраст, Клер вели дека луѓето честопати се толку шокирани од нејзината возраст што се чувствувала присилена да објави возачка дозвола за да го докаже тоа. Во едно од нејзините последни видеа таа го користеше насловот „не изгледаш доволно стара за да имаш 21-годишен син“.

Клер работела во полицијата Хамберсај седум години. Сега, таа е извршен директор на Клерабела – правејќи персонализирани чанти. Фирма која ја основала во 2010 година, откако земала заем од својата мајка. Таа вели дека добива и негативни коментари, дека е пластична или дека премногу се шминка и сака да се покаже, но објаснува дека како полицајка ги слушнала сите можни навреди па така не ѝ паѓа тешко.

Исто така упатува совет до сите родители дека колку и да се зафатени во животот треба да одвојат време за себе и на тој начин и тие и нивните семејства ќе бидат посреќни.