Мислеа дека се безбедни, но вештачката интелегенција им се заканува и на овие експерти

Вештачката интелигенција може да претставува закана за адвокатите, бидејќи компаниите се стремат кон автоматизирање на разни видови правна работа.

Задачи како што се истражување на случаи и советување на клиентите се сметаа дека не се изложени на ризик да станат жртви на напредокот во роботиката и вештачката интелигенција.

Сепак, неодамнешната анализа покажува дека не треба целосно да ја автоматизирате работата, туку само делумно да ја автоматизирате, со цел „фундаментално да ја промените“.

Прогнозите, иако не се многу позитивни за адвокатите, сепак можат да бидат корисни за нивните идни клиенти, поради тоа што правната помош ќе биде финансиски поприфатлива.

Истражувачкиот проект првично не требаше да се однесува на автоматизација. Проектот беше соработка помеѓу професорите по право, Елизабет Ц. Типет и Шарлот С. Александар и компјутерски научници и лингвисти во непрофитна организација посветена на истражување и развој, наречена МИТЕР.

Како професори по право, Типет и Александар се обидуваа да ги „идентификуваат карактеристиките на текстот на успешните наспроти неуспешните правни известувања“.

Како резултат на проектот, професорите дојдоа до зклучок дека „може да биде тешко да се предвиди кои задачи би било лесно да се автоматизираат. На пример, за човекот е полесно, во споредба со софтверот за машинско учење, да оддели цитати од остатокот од текстот, машината беше збунета од интерпункциските знаци. Но, нашето истражување сугерираше дека можеме да изградиме база на податоци со софтвер што само ќе им каже на адвокатите за најдобрите решенија. Се` што треба да направите е да внесете кратки информации во машината“.

Сепак адвокатите не треба да бидат премногу загрижени, овој тип на софтвер е многу тешко да се оддржува без човечка интервенција и може да служи само за да им помогне на префесионалците и да понуди повеќе решенија за полесни случаи.