Мислел дека се бори со разбојник во домот, па почнал да пука – но, сето тоа било кошмар од којшто се разбудил со куршум во нога и казна затвор

Маж од Илиноис е уапсен откако ненамерно се застрелал за време на кошмар. Лошите соништа можат да бидат ужасна работа, особено кога се чини дека се неверојатно реални…

Ноќта на 10 април, 62-годишниот Марк Дикара сонувал како провалник упаднал во неговиот дом. За време на страшниот сон, тој грабнал револвер 357 Магнум и испукал истрел во темнината пред болката во ногата да го разбуди во празна соба.

 

 

 

Излегува дека немало никој во домот, а болката била поради тоа што Дикара погрешно се застрелал себеси во сон. Човекот брзо бил пренесен во болница откако полицијата пристигнала и открила дека губи „значителна количина крв“.

Сепак, неволјите настанале кога инспекторите откриле дека тој го користел револверот без да има дозвола за сопственост на огнено оружје.

На профилот на Дикара на „LinkedIn“ пишува дека тој е полупензиониран адвокат кој има лиценца за адвокатура во Висконсин и Илиноис. Според полицијата, тие го затекнале Дикара како обилно крвари од ногата пред да го испратат во болница на лекување.

 

 

За среќа, никој друг не бил повреден од заскитаниот куршум.

Сепак, официјалните лица допрва треба да потврдат зошто и кога му е одземена лиценцата. Против него е поднесена кривична пријава за несовесно пукање од огнено оружје.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *