„Мислев дека изнајмив соба со поглед на море, но кога пристигнав сфатив дека тоа е само една голема измама“

Инфлуенсерка од „TikTok“ била измамена на одмор, откако резервирала хотел со живописен поглед на море – само за да открие дека од погледот нема ни „п“.

 

@sonnyloops

HAHAHAH #airbnbfail #funny #verarscht

♬ Originalton – Sonny Loops 🌙

 

„Бевме измамени“, рече Соња Дениг (28), објаснувајќи се на видео коешто беше прегледано 3,6 милиони пати.

Таа резервирала сместување во Вестерланд, на Зилт, идиличен остров во германското Северно Море за викенд одмор. Според сликите, сместувањето требало да нуди неверојатен поглед на крајбрежјето. За жал, кога патничката пристигнала во нејзиниот хотел, таа брзо сфатила дека оваа живописна глетка е слика.

 

 

Сопствениците на имотот користеле дури и индустриско светло за да симулираат сонце.

„Мислевме: „Леле, каква прекрасна глетка имаме“, но погледнете, тоа е само фотографија“, се сеќава Дениг. „Ние сме во подрум“.

Таа се пошегува: „Во кревет си, полноќ е, но мислиш дека надвор свети утринско сонце. Тоа е прилично неверојатно.”

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *