„Мислев дека сум во врска со ФБИ агент, но останав во шок откако ја дознав мрачната вистина“

Една жена на „TikTok“ го раскажа шокантниот момент кога дознала дека нејзиното момче се преправало дека е агент на ФБИ.

 

 

 

Повеќето луѓе ги „билдаат“ своите профили на апликациите за запознавање, но овој човек малку како да претерал. Секако, сакате да ја претставите најдобрата верзија од себе, наместо да ги откриете вашите најлоши навики премногу рано во процесот на запознавање. Сепак, постои тенка линија помеѓу продавање на најдобрата верзија од себе и директно лажење, при што една жена останала преплашена кога открила дека мажот со кој излегува не е тој што тој велел дека е.

Откривајќи во вирална објава на „TikTok“, Џена објаснува како се впуштила во апликациите за запознавање со цел да најде љубов уште во 2021 година – но нејзината потрага не поминала баш како што се очекуваше.

„Имав врска со агент на ФБИ шест месеци, или мислев дека сум“, рече таа во виралната објава од 2022 година, пред да открие дека тој ѝ кажал за неговата „работа“ во првите пет минути од нивниот прв состанок. Сепак, тој подоцна ја искористил својата работа како „совршено алиби“ за да се ослободи од прашањата, како и да го чува својот живот многу потаинствен. Таа дури открила дека тој ја обвинувал дека му праќала СМС пораки на бившиот и тврдел дека „ФБИ“ тоа го открило наместо него.

 

@jennajean8

#onthisday my most viral video to date, nearly 15 million views. since then i found some real hard proof that he was in fact not an FBI agent, was published on Yahoo News and went on the Something Was Wrong podcast to tell the whole story. what a ride this one took me on 🤪 #exboyfriendstorytime #fbiagent

♬ original sound – Jenna Jean

 

 

„Нешто не беше во ред, па почнав да истражувам. Тогаш сфатив дека моите емоции целосно ме заслепија“, се присетува таа, пред да објасни дека пријател кој работи во американскиот разузнавачки сектор не нашол запис за него во базите на податоци на ФБИ.

„Мојот поранешен не беше во ФБИ“, продолжи таа. „Всушност, тој никогаш не ни поминал на обука на ФБИ. Во неговото досие немаше апсолутно ништо поврзано со ФБИ“.

Џена потоа додаде дека мажот не ја измамил за пари и не побарал да остане со неа, објаснувајќи дека тој едноставно лажел поради „возбудата од тоа“.
Таа продолжи: „Тој секогаш беше супер таинствен, но сепак јасно се сеќавам дека видов биографија и мотивационо писмо на ФБИ на неговиот десктоп, речиси како да сакаше да го видам. Тој немаше социјални мрежи или пријатели со кои би можела да се сретнам. Тој тврдеше дека сите негови пријатели биле во војска“.

Џена понатаму дознала дека таа не е единствената жена која тој ја лажел, додавајќи дека подоцна се запознала со жена од Флорида чие искуство звучело многу слично на нејзиното.

„Излегува дека бил тој, истиот човек“, додаде таа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Не ми е јасно, зошто мора ова „тажно“ искуство да го подели со цел свет?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *