Мистеријата за бебето украдено од болница од Чикаго во 1964, конечно се реши по 55 години
Бебето Пол, на Честер и Дора Фронџак, старо само еден ден, било киднапирано во болница на 26 април 1964 година во Чикаго.
Жена облечена како медицинска сестра влегла во собата на мајката ѝ го земала бебето и ѝ кажала дека лекарот треба да го прегледа, но повеќе не ѝ го вратила.
Во наредните две години, ФБИ и локалната полиција спровеле очајна потрага по детето. Случајот бил затворен во 1966 година кога било пронајдено напуштено 2 годишно дете во трговски центар во Њу Џерси, кое личело на исчезнатото дете. Родителите мислеле дека конечно повторно се со својот син, иако не можеле да направат ДНК анализа бидеќи таа технологија тогаш не постоела.
Пол Фронџак имал 10 години кога дознал дека бил киднапиран како бебе. Речиси четири децении подоцна во 2012 година, тој направил ДНК тест кој докажал дека тој не е во крвно сродство со Честер и Дора, отварајќи ја мистеријата околу она што се случило со биолошкиот син на парот.
Приватни детективи и истражувачки новинари се фрлиле во потрага по вистинскиот Пол. Сега возрасниот човек бил пронајден дека живее во еден мал град во Мичиген, под друго име.
Човекот, чие име не се открива бидејќи е жртва на криминал е свесен дека тој е детето кое било киднапирано од болницата. Тој вели дека го дознал неговиот вистински идентитет кога ФБИ го контактирал пред неколку месеци и дека сè уште се помирува со вестите. Биолошкиот син не открил дали планира да се види со неговата мајка Дора, но за жал нема да добие можност да го запознае својот татко бидејќи починал пред неколку години.
„Лажниот“ Пол во 2015 година си го дознал својот вистински идентитет. Тој всушност бил Џек Розентал и дознал и неколку темни тајни за неговите родители. Неговата мајка била алкохоличарка, а неговиот татко ветеран со психички проблеми. Тие и двајцата се мртви. Тој дознал дека имал и сестра близначка по име Џил, но никој не знае што се случило со неа.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.