Мистерија во подножјето на планината Пекол за која малкумина знаат: Погледот кон пустината открива „океан“
„Кога ќе погледнам во оваа пустина, го гледам океанот “, изјави палеонтологот од Универзитетот во Мичиген, кој се најде во Египет, заљубен во оваа пустина. За една пустина, таа навистина изобилува со содржина. Египетските песочни пејзажи продолжуваат да нè фасцинираат, од нивните пирамиди и историја, до егзотичната природа и необичните атракции како што е Црна и Бела пустина.
И, се разбира, тоа не е крај. Само неколку часа возење од Каиро, во пустинската бесконечност покрај реката Нил, се наоѓа долината на китовите (Вади Хитан). Пустинската долина и археолошкиот локалитет со стотици фосили од претходните видови китови се уникатни во светот – никаде на друго место нема такви наоди во толкава количина и концентрација (па дури ни во толку убав амбиент).
Колку се зачувани, сведочи фактот дека на некои места може да се најдат и фосилни остатоци од храната што ја јаделе, како и други животни, како крокодили, ајкули, желки, итн. Најголемиот откриен скелет е долг 21 метар.
Првите фосили биле откриени на почетокот на 20 век, но биле потребни скоро 80 години да предизвикаат поголем интерес кај нив. Истражувањето беше попречено и од недостаток на технолошка опрема.
Конечно, неколку стотици фосили беа пронајдени во 90-тите години на минатиот век, а се претпоставува дека имало и порано. За жал, додека областа сè уште не била заштитена, некои веќе ја искористиле можноста и украле „сувенири“. Можеби станува збор за коски, черепи или цели скелети и можно е оние што ги земале да не ни знаат што точно прават, но сакале да земат убав спомен од пустината. Денес, за среќа, тоа е невозможно затоа што просторот е заштитен.
Но, ниту тоа не е крај. Целата долина се наоѓа во подножјето на планината што локалното население ја нарекува „Планина на ѓаволите“ поради специјалниот светлосен ефект што се јавува кога сонцето заоѓа зад неа. И покрај ова, долината на китовите привлекува само илјада туристи годишно.
Како е можно ова место да не е веќе познато?
Изненадувачки, денес ова место не е посебна туристичка атракција. Потешко е да се дојде до него и многу луѓе дури и никогаш не слушнале за локалитетот. Изгледа дека Египќаните не се засегнати од ова и се благодарни на фактот што местото не е поплавено како што се пирамидите каде веќе имаа многу проблеми со несовесните туристи.
Инцидентот од 2007 година кога биле забележани неколку автомобили со белгиски дипломатски таблички во долината на китовите, сè уште не е решен. Со оглед на тоа што во тоа време веќе била заштитена зона, египетските власти ја обвиниле Белгија за нанесување штета вредна 10 милиони долари. Белгиската влада негирала дека има штета и работите така и останале.
Значи, оваа област ќе оди во насока на одржлив развој – тие веќе ги заменија возилата со камили и прошетки, а сите вработени се исто така членови на локалната заедница кои најдобро ја знаат областа и кревката природа. Нивниот приоритет е да го зачуваат овој скапоцен камен за да можат луѓето да му се восхитуваат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.