Мистеријата е конечно разоткриена! Еве кој и како го „испрати“ првиот македонски астронаут во вселената

Првин да кажеме БРАВО за креативноста. Тимот на М3ДС Академијата за момент ни прикажа фантастичен и креативен историски подвиг, кој го преточи во навистина реална вест, целосно изработена со врвните програми за 3Д и визуелни ефекти.

М3ДС е Академија за 3Д и визуелни уметности, како и Autodesk овластен центар за курсеви од ваков тип и навистина беше забавно да се види како една фиктивна приказна се граничи со реалноста. Македонскиот астронаут М.Спирковски постои, но во виртуелниот свет и секако со ракетата дојде и до Месечината.