Мистеријата е решена: Зошто се будиме помеѓу 3 и 5 часот наутро и потоа тешко заспиваме?

Заспивањето често може да биде предизвик за многумина, особено ако имаат многу мисли или страдаат од анксиозност или други ментални здравствени проблеми. Но, тоа што е посебно фрустрирачко е што, дури и кога ќе заспиете, не останувате во длабок сон сè до утрото.

Дејв Аспри тврди дека ја открил причината за ваквото будење и едноставен начин за решение.

 

51-годишниот Аспри, од Ново Мексико, САД, е познат по тоа што го измисли „биохакирањето“ – термин кој се однесува на направени промени во телото, исхраната и начинот на живот за подобрување на здравјето и долговечноста. Тој потрошил 2 милиони долари на обиди да го „врати часовникот“ и е креатор на контроверзната „Bulletproof“ диета, која препорачува ниско ниво на јаглехидрати и поголемо внесување на масти.

И покрај тоа што некои го следат овој начин на исхрана и тврдат дека им помогнал, Аспри нема медицинско образование, а Британската диететска асоцијација ја класифицира „Bulletproof“ диетата како привремена мода.

 

Во последно време, Аспри на социјалните мрежи тврди дека открил зошто се будиме среде ноќ и како лесно да го решиме овој проблем.

„Кај повеќето луѓе што се будат помеѓу 3 и 5 часот наутро и не можат повторно да заспијат, тоа е пад во нивото на шеќер во крвта,“ објаснува Аспри. „Кога нивото на шеќер се намалува, телото лачи стрес хормони – кортизол и адреналин – за да обезбеди дополнителна гликоза за мозокот, кој ноќе врши процеси на чистење.“

Но, кортизолот и адреналинот нè будат, и додека мозокот го добива потребното, нашето спиење се нарушува.

 

Како да го спречите тоа? Аспри препорачува да се јаде малку пред спиење – но не било што.

„Пробајте со малку природен мед, колаген или МСТ масло, или сите три заедно,“ вели тој.

МСТ маслото е додаток во исхраната составен од триглицериди, вид на маст што се наоѓа во кокосово масло, масло од палмово семе и некои млечни производи, и полесно се вари од другите масти. Постојат некои истражувања кои укажуваат дека природниот мед и МСТ маслото можат да ја одржат енергијата и да спречат нагло намалување на шеќерот во крвта, но научните докази се ограничени.

  • Васе напиша:

    Можеби тоа што го вели е точно, но јас најчесто се будам ноќе, поради „уринирање“ (да бидеме културни)!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *