Мистеријата на Стоунхенџ се продлабочува: Откриен е уште еден круг, стар над 4.500 години

Теренската работа спроведена од тим истражувачи откри докази за најмалку 20 огромни праисториски јами со повеќе од 10 метри во дијаметар со длабочина од пет метри.

Лоцирани околу античката населба Дурингтон Валс јамите формираат круг со дијаметар повеќе од два километри. Археолозите ја опишаа како најголема предисториска структура досега пронајдена во Британија.

Јамите се верува дека се од неолитскиот период, ископани пред повеќе од 4500 години. Се смета дека тие некогаш можеби дејствувале како граница на светото подрачје поврзано со Стоунхенџ. Професорот Винсент Гафни, еден од водечките археолози на проектот, изјави дека ова е „досега невидено откритие“ со „големо значење“.

Ова колаборативно истражување беше спроведено од академици од универзитетите Свети Ендрус, Бирмингем Ворвик и Тринити Сент Дејвид, како и од центарот за истражување на животната средина на Шкотските универзитети со седиште на Универзитетот во Глазгов.

Како место каде живееле и славеле градителите на Стоунхенџ, ѕидовите на Дурингтон се клучни за отклучување на приказната за поширокиот пејзаж на Стоунхенџ и ова зачудувачко откритие ни нуди нови увиди во животот и верувањето на нашите неолитски предци.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.