Мистеријата за познатата пејачка продолжува: Бритни Спирс не може да се ослободи од контролата на нејзиниот татко „благодарение“ на судот

Се појавија многу теории на заговор за ситуацијата на познатата пејачка, Бритни Спирс. Нејзини обожаватели веруваат дека таа е заробена од страна на нејзиниот татко и нејзиното психичко здравје е загрозено, повторно. Бритни ја продолжува правната битка за да ја врати контролата над својот живот и богатство што ги немаше изминатите дванаесет години. Сè започна уште во 2008 година, откако поп-пејачката мина низ неколку ментални проблеми и судот ги стави нејзините недвижнини, финансиски и лични средства под конзервација на нејзиниот татко и адвокат.

Денес, сепак, Бритни е силна и повеќе не е подготвена да дозволува нејзиниот татко да ѝ го контролира животот. Сега таа побара од судот во Калифорнија да и стави крај на улогата на нејзиниот татко како конзерватор и според судските документи, нејзиниот адвокат Самуел Ингам Трети вели: „Бритни е остро против тоа Џејмс да продолжи како единствен конзерватор на нејзиниот имот“. Наместо тоа, таа претпочита „квалификуван корпоративен фидуцијар“ да управува со деловните работи на нејзиниот имот.

Многумина веруваат дека ѕвездата е контролирана и манипулирана, што го поттикна движењето #FreeBritney. Повеќе од 256K луѓе потпишаа петиција да и дозволат на Бритни да има свој адвокат, а судското рочиште продолжи на 19 август.

Правниот застапник на Бритни поднел правни документи во кои се бара нејзиниот татко, 68-годишниот Џејми Спирс, да биде заменет засекогаш, при што нејзиниот менаџер Џоди Монтгомери да ја преземе улогата на нејзин конзерватор.

38-годишната поп икона исто така побара банка или друга финансиска институција да биде донесена за да управува со деловните работи заедно со нејзиниот татко. Како што стојат работите во моментов, таткото на Бритни останува единствен конзерватор за нејзините деловни работи.

По сослушувањето одржано во средата, 19 август, се покажа дека конзерваторството на Бритни останува непроменето. Според овие документи, привремените писма за конзервација биле продолжени до 1 февруари 2021 година. Адвокатот на Бритни, Самуел Ингам, сега има до 18 септември 2020 година да поднесе жалба против ваквиот предлог.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.