Мистеријата зад напуштената вила оставена да пропаѓа со дизајнерска облека и Бентли во дворот конечно е решена

Морничави фотографии ја прикажуваат избледената слава на напуштена вила оставена да изгние на периферијата на Лондон. Некогаш била дом на горд сопственик, но денес е мистериозен и морничав дел од пејсажот.

Она што е најинтересно кај вилата е тоа што изгледа како да нејзините сопственици си заминале набрзина, па дури и преку ноќ.

Часовникот „заглавен во времето“ лежи недопрен на масата, а додека дизајнерската облека што ги носи етикетите на Ив Сен Лоран, Гучи и Луј Витон е сѐ уште распоредена на закачалките во спалната соба. Има празни аквариуми за риби наредени во ходникот – додека машината за миење садови наредена со чинии чека да биде исчистена. Според таванот во кујната може да се забележи колко всушност време поминала оваа вила напуштена.

Во една од собите исто така има и пијано. Огромната бања е опремена со џакузи и полу-потрошени средства за хигиена. Зачудувачки,растението во саксија е сè уште живо на прозорецот, покрај телескопот, поставен подготвен за неговиот сопственик да го погледне ноќното небо. Бизарно, шаховксата табла сѐ уште стои со недоиграна партија.

Исто така пред вилата има неколку автомобили, од кои еден е Бентли. Но, она што најмногу ги „мачи“ луѓето е кој е сопственикот и зошто на овој начин го напуштил домот? Човекот кој го истражувал случајот првин шпекулирал дека станува збор за семејство од Русија, но неговото мислење било погрешно. Вилата некогаш била во сопственост на фирма, а таа фирма ги довела до грчки милионер.

Домот од осум спални соби во предградието на Лондон, некогаш бил во сопственост тајкунот за недвижнини Атанасиос Тахминзис (70), чија сопруга Шерон, од Северен Велс, починала на возраст од 52 години во мај 2004 година. За Тахминзис се вели дека го стекнал имотот во 1999 година и живеел таму околу 18 години пред да исчезне ненадејно.

Атанасиос и неговата сопруга имаат три сина Алексис, (43), Николас, (41) и Пол, (36) и две ќерки Киристиана (34) и Алисија (28). Селаните велат дека „на времето“ тајкунот имал обезбедување пред вратата и 3 добермани кои го чувале имотот. Еден локалец изјавил дека семејството „исчезнало“ пред 3 години. За да бидат уште помистериозни работите неговиот син Николас на 26 години бил пријавен за исчезнат, тој тогаш работел како актер.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.