Мистеријата зад последниот настап на Мерлин Монро специјално наменет за претседателот, кој се случи на денешн ден пред 59 години

Фустанот Жан Луис што го носеше Монро за да ја отпее „Среќен роденден“ на претседателот Кенеди се продаде за скоро 5 милиони долари на аукција пред некоја година и тој е блескав спомен од нејзините трагични последни денови. 59 години подоцна можеби некој очекуваше да го види фустанот повторно на сцена, но во 1962 година, имаше топло тело во него.

На 19 мај, 1962 година Мерилин Монро му носеше честитки за роденденот на претседателот на Соединетите држави. Сепак на претседателот не му беше роденден, таа подранила 10 дена. 45-годенден на Кенеди бил на 29 мај. Па зошто тогаш?

Демократската партија сакала да организира супер прибирање средства во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, а за тоа не им бил доволен само претседателот Кенеди, туку им била потребна и „мамка“. Роденденот беше изговор за провокативно испеаната песна „Happy birthday, Mr President …“

Тоа беше Мерилин Монро. Но, дали Демократите ја ангажирале или самиот претседател го организирал тоа? Мерлин својот последен роденден го прославила на 1 јуни таа година. На 5 август, таа била пронајдена мртва во нејзиниот кревет во Брентвуд со само чаршав околу себе.

Среќен роденден Г-дине Претседател изгледа како толку режиран инцидент, мора да се запрашате кој ја водел претставата?

Тоа лето беше мачно време за Мерилин и има знаци колку копнееше да се пробие не само од фустанот, туку и од сета темнина што ја затвораше. Twentieth Century Fox ја постави во нов филм, Something’s Got to Give, за која сними промотивна гола сцена – иако цензурата не ја дозволуваше. Нејзините болести или нејзината анксиозност го забавија филмот, но потоа ја однесе на таа неочекувана екскурзија во Њујорк за да и запее на Кенедеи – и се чинеше подготвена за камера. Набрзо Фокс ја отпушти и ја замени со Ли Ремик.

Исто така кружеле и приказни за ужасен викенд во Ложата Кал-Нева, на границите на Калифорнија и Невада, каде Мерилин била „подавана“ во кругот на моќни мажи. Деталите не се јасни, но сите на сфатиле поголемата слика. Таа била мртва само една недела подоцна и не успеала да ги раскаже и разјасни работите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.