Мистериозен црн дожд падна во Јапонија неколку дена по невремето

Само неколку дена по жестокото невреме со молњи кое го потресе Токио, граѓаните од различни делови на централна Јапонија беа сведоци на мистериозен црн дожд. Властите тврдат дека дождот не е радиоактивен, но сѐ уште се работи на утврдување зошто има таква необична сосема црна боја.

Фотографии од необичните капки беа споделени на социјалните мрежи, а многу луѓе останаа мистифицирани од необичната течност.

Темната дождовница беше пријавена до властите од оние што живеат во близина на префектурата Саитама. Повеќето од овие извештаи потекнуваат од градот Хасуда, но во другите погодени области во Саитама се вклучени Агео, Ивацуки и Куки.

Официјални претставници на градот Хасуда издадоа изјава во која се вели дека го разгледуваат прашањето, по приемот на разни поплаки за „црни барички по патиштата и автомобилите“. По мерењето на нивото на зрачење, не било откриено ништо невообичаено.

Црниот дожд честопати се смета за „кобен“ како оној во Јапонија кој бил забележан по катастрофалните атомски бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки. Некои јапонски корисници на социјални мрежи споделија фотографии од дождот, изразувајќи сериозна загриженост.

Иако ова не е потврдено како причина, се шпекулира дека неодамнешниот пожар во фабриката за пластика во Нода – во соседната префектура Чиба можел да доведе до тоа чадот да се измешал со бојата и поради тоа да паѓал црн дожд.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.