Мистериозен милионер донираше 84.000 евра за да направи едно многу хумано дело

На светот постојат многу милионери и милијардери кои своите пари ги трошат на луксузен живот за кој многумина од нас можат само да сонуваат. Сепак помеѓу нив постојат и хумани луѓе кои се свесни дека за мал дел од нивното богатство можат да спасат нечиј живот.

Четиригодишно девојче од Јоркшир ќе може да оди за прв пат откако мистериозен донатор милионер платил за да и биде извршена операција која ѝ го промени животот. На Емили Андерсон, од Донкастер ѝ била дијагностицирана церебрална парализа во 2017 година, откако нејзините родители Пола и Џон Андерсон забележале дека не се развива.

По магнетна резонанца е утврдено оштетување на левата страна од мозокот предизвикано од предвремено раѓање и како резултат на тоа, лекарите добиле впечаток дека можеби никогаш нема да може да оди или да зборува.

По дијагнозата, Пола започна да разгледува различни опции за хирургија и наиде на Селективна дорзална ризоотомија. Операцијата би и помогнала на Емили да се движи, но била тешко достапна. Родителите биле свесни дека мора да направат нешто затоа што колку повеќе се чека толку повеќе се намалуваат шансите на Емили.

Одлучната мајка основала онлајн собирање средства со надеж дека ќе собере 84.000 евра потребни за приватно финансирање на операцијата на ‘рбетниот столб. За само 24 часа, анонимен донатор се понудил да ја плати целосната операција, третманот за опоравување, како и патување во Дизниленд потоа.

Емили почнала да се движи, а исто така нејзиниот говор е подобрен.