Мистериозен монолит како оној од САД е пронајден и во Романија

Минатата недела беше пронајден мистериозен монолит во Јута. Сега, друг е откриен на еден рид во Романија. Чудната, сребрена конструкција, висока околу четири метри е пронајдена на ридот Доамнеи во градот Пјатра Њамц, кој се наоѓа во романскиот северо-источен округ Њамц.

Се наоѓа на само неколку метри од тврдината Петродава Дачијан, добро позната археолошка одредница и најстариот историски споменик во Пјатра Њамц, за кој се верува дека бил уништен од Римјаните.

Монолитот морничаво наликува на оној во пустината Ред Рок во Јута, кој неодамна го привлече светското внимание поради непознатото потекло.

Што се однесува до структурата во Романија, истрагата во моментов е во тек. Службеникот за култура и наследство на Њамц, Роксана Јосану рече: „Почнавме да го разгледуваме чудниот изглед на монолитот. Се наоѓа на приватен имот, но сè уште не знаеме кој е сопственик на монолитот. Се наоѓа во заштитено подрачје на археолошки локалитет.“

Таа додаде: „Пред да постават нешто таму, им треба дозвола од нашата институција, која потоа треба да биде одобрена од Министерството за култура.“

И двата монолита се чини дека биле намерно поставени, но сепак нивното потекло и цел останува тотална мистерија. Монолитот во Јута, прилично морничаво, е отстранет без трага. Во изјавата на Фејсбук, државното Биро за управување со земјиштето напиша: „Добивме веродостојни извештаи дека нелегално инсталираната структура, наречена монолит, е отстранета од јавните земјишта на Бирото за управување со земјиштето (BLM) од непозната страна.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.