Мистериозен објект од НЕЧОВЕЧКО произдовство откриен во Колумбија – пораката што ја крие е уште поконтроверзна
Научници ги објавија првите рентгенски снимки од мистериозен сферичен објект пронајден во Колумбија, за кој локалните жители тврдат дека е од вонземско потекло. Објектот, забележан во март над градот Буга, се движел низ небото во цик-цак, на начин што не одговара на познатите летала. По неговото наводно слетување, истражувачи откриле дека е составен од три слоја метална материја и содржи 18 микросфери околу централно јадро, кое го нарекуваат „чип“.
Без траги од човечко производство
Радиологот Хосе Луис Веласкес изјави дека на објектот нема никакви траги од заварување, што го исклучува човечкото производство, и дека внатрешноста има висока густина. На површината се пронајдени симболи слични на древни писма, вклучувајќи келтски, огам и месопотамски знаци. Со помош на вештачка интелигенција, тимот го толкувал пораката како повик за колективна свесност и поддршка на Мајката Земја во време на еколошка криза.
Објектот, тежок околу два килограми, бил ладен на допир, но се однесувал необично кога бил полиен со вода — почнал да испарува. Дел од тимот кој го пронашол вели дека еден од нив се чувствувал болен откако го допрел. Сепак, нема официјална потврда за неговото потекло, туку само сведоштва.
Откритието сега е во рацете на уфолозите
Сферата моментално е во рацете на контроверзниот уфолог Хајме Маусан. Рентгенските анализи откриваат дека 18-те точки во јадрото се сместени прецизно, што упатува на напреден дизајн. Надворешната обвивка е со висока густина, можеби од титан или челик, но се чекаат подетални анализи. Истражувачите засега го сметаат објектот за вештачки и со непознато потекло.
Мора да има некоја брава со која се отвара!?
Но, научниците сега за сега немаат клуч (и ја кључ за ту браву имадех).
Следен чекор најверојатно ќе биде: дигање во воздух со динамит или сечење на 1/4 (со сирење)!
Bardovci.
Jok Bardovci. Slepce.
Коментирај анонимно