Мистериозен оловен саркофаг е откриен под најпознатата катедрала во светот, Нотр Дам

Во Нотр-Дам, катедрала од 12 век, во тек е ископување како мерка на претпазливост, пред да се постават скелиња потребни за обновување на дрвениот гребен на покривот висок 100 метри. Реновирањето е секако поради пожарот кој се случи во 2019 година.

Во трансептот на катедралата, што го дели светилиштето од остатокот од црквата и давајќи облик на латински крст, откриени се фрагменти со исклучителен научен квалитет, изјави француската министерка за култура Розелин Башело, додавајќи дека ископувањето е продолжено до 25 март.

Местото на ископување лежи под карпест слој од 18 век, но некои пониски нивоа датираат од 14, а некои дури и од почетокот на 13 век, соопшти Министерството за култура.

„Успеавме да внесеме мала камера внатре, која откри остатоци од ткаенина, органска материја како коса и остатоци од растенија.“, изјави Кристоф Бесние од Францускиот национален археолошки институт. Фактот дека растителните остатоци сè уште се таму укажуваат на тоа дека содржината е многу добро сочувана.

Археолозите веруваат дека оловниот саркофаг веројатно припаѓал на некој висок благородник и претпоставуваат дека би можел да потекнува од 14 век, што, доколку се потврди, би го направило спектакуларно откритие.

Ископувањата открија и јама веднаш под денешното ниво на подот на катедралата, која веројатно била изградена околу 1230 година, кога се градела катедралата Нотр Дам, еден од најстарите примероци на француската готика.

Други делови од зградата, уништени во почетокот на 18 век, биле откриени за време на реставрацијата на Нотр Дам во средината на 19 век и веќе се изложени во музејот Лувр.

Пожарот што ја зафати речиси целата Нотр Дам во 2019 година ја шокираше Франција и светот. Расплаканите парижани и зачудените туристи потоа со неверување гледаа како пожарот ги зафати кулите на една од најпознатите цркви во светот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.