Мистериозна црна дамка се појавила на ѕидот на овие цимери и приказната зад неа е полоша и од хорор филм

Ален Џоел Мекреди забележал црна дамка која доаѓа од таванот. Освен дамката станот мирисал „ужасно“ во текот на целата недела.

На Ален и неговиот цимер Евин ова сценарио почнало да им изгледа како хорор филм, па затоа решиле да се јават во фирмата за одржување за да сфатат што се случува и од каде доаѓа црната дамка.

Откритието било прилично страшно. Всушност дамката била крв на соседот од горниот кат кој починал пред две недели. Телото на човекот било во распаѓање така што тоа била ужасната миризба. Според полицијата човекот умрел од природна смрт.

Еве што напишал Ален на Твитер: „Мојот стан неодамна мирисаше ужасно и само што дознав дека човекот што живее над мене е мртов повеќе од една недела… и пред да прашате, неговото тело беше откриено откако неговата крв се појави на таванот во нашиот стан утрово. Сѐ што знам е дека човекот починал во сон. Неговото тело се распаднало и некако успеа да влезе во нашиот стан. Од одржувањето не можеа да претпостават за што станува збор, тие се качија на горниот кат само за да прашаат дали и овој станар го има истиот проблем, тогаш го пронајдоа телото.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!