Мистериозна „мачка“ стара 2.000 години е откриена во пустината во Перу

Во Перу е откриена масивна мачка стара 2.000 години, гравирана во пустински рид. Огромната фигура на мачка е пронајдена во Наска линиите каде што се наоѓаат стотици мистериозни геоглифи, вклучувајќи мајмуни, китови, пеликани и колибри, околу 250 милји јужно од главниот град Лима.

Мачката била откриена на почетокот на овој месец, со должина од 37 метри, со силни линии кои имаат ширина од 30-40 сантиметри. И покрај историското значење на платото, овој конкретен цртеж некако останал незабележан сè додека неодамна бил забележан од работниците за одржување.

По неговото откритие, геоглифот оттогаш е исчистен и правилно конзервиран. Што се однесува до тоа од која точка во историјата е геоглифот, министерството објасни дека тоа е веројатно од доцниот период на Паракас. „Претставките на овој вид мачки често се наоѓаат во иконографијата на керамика и текстил во општеството Паракас“, се додава во соопштението.

Различните цртежи на областа опфаќаат околу 450 квадратни километри, создадени со отстранување на карпи и друг чакал за да се открие посветла боја на земјата под неа. Во 1994 година, таа стана светско наследство на УНЕСКО, со тоа што организацијата ја опиша како една од „најголемите енигми на археологијата“.

Џони Исла, главен археолог во Перу за Наска линии, за шпанската новинска агенција Ефе, изјавил: „Прилично е зачудувачки што сè уште наоѓаме нови фигури, но исто така знаеме дека има уште многу да се најде“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.