Мистериозна зелена светлина од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS ги збунува научниците

Слики од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS, направени за време на целосната лунарна еклипса на 7 септември, укажуваат дека најновиот гостин во Сончевиот систем почнува да свети зелено. Иако ова е прилично вообичаено за кометите, овојпат чудноста е што одговорната хемија што ги прави кометите зелени не е пронајдена кај 3I/ATLAS.

Мистериозна зелена светлина од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS ги збунува научниците

Кај повеќето комети, зелената светлина е предизвикана од молекули на дијагарбон (C2), кои се активираат кога кометата се загрева. Но кај 3I/ATLAS, досегашните набљудувања не ја пронајдоа оваа молекула. Дали навистина недостасува или е нешто друго во прашање? Можно е играчот што ја дава зелената светлина да е целосно нова, непозната молекула.

Сликите се направени од астрофотографите Гералд Реман и Михаел Јегер од Намибија. Кога кометата се приближува до Сонцето, мразот од нејзиното јадро почнува да преминува во гас и да формира кома. JWST покажа дека кај 3I/ATLAS има невообичаено многу јаглерод диоксид, како и присуство на никел и цијаноген – но ниту еден од нив не дава зелено светење. Хемискиот „вонземјански“ потпис на кометата останува енигма.

Според студија на астрономот Луис Салазар Манзано од Универзитетот во Мичиген, ранaта детекција на цијаногенот во кометата сугерира силен недостаток на јаглеродни ланци, вклучувајќи ги C2 и C3. „Нашиот горен лимит за односот на C2 и CN го става 3I/ATLAS меѓу најосиромашените комети со јаглеродни ланци досега,“ наведуваат тие. Но, потрагата по објаснување на зеленото светење продолжува.

3I/ATLAS сè уште крие тајни за својата хемија, а зелената светлина му додава на мистеријата. Надежта е дека научниците ќе соберат доволно податоци кога кометата во декември ќе помине најблиску до Земјата и конечно ќе дознаеме како и зошто сјае така необично.

  • Rade напиша:

    Leleee, uste so ova ej, sekoj den, ne mi se veruva.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *