Мистериозна златна купола пронајдена на дното на океанот

Во 2023 година, истражувачки тим од NOAA Ocean Exploration со далечински управувано подводно возило наидe на мистериозна златна купола на околу 3.300 метри под површината на океанот, крај брегот на Алјаска. Предметот, со големина од околу 10 сантиметри, беше цврсто прилепен на карпа и имаше отвор на едната страна, предизвикувајќи бројни шпекулации за неговото потекло.

 

Мистериозна златна купола пронајдена на дното на океанот

Остаток од „златно“ јајце?

Научниците претпоставија дека станува збор за јајце од неидентификуван вид, остатоци од сунѓер или корал. Кога го анализираа со роботска рака, открија дека е меко и органско. Неговата изолираност од други слични структури ги зголеми мистеријата и прашањето—чие би можело да биде?

 

Ова откритие само потсетува колку малку знаеме за океанските длабочини и биологијата на видовите што живеат во нив.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *