Мистериозни пакувања со семе од Кина продолжуваат да пристигнуваат во домаќинствата низ САД

Чудни пакувања со семе од Кина продолжуваат да се појавуваат кај американските домаќинства во она што се опишува како потенцијална „еколошка катастрофа“. Досега, 27 држави вклучително и Вашингтон, Колорадо, Кентаки, Невада и Тексас, објавија дека луѓето ги примиле пакетите, кои не ги нарачале. Некои од примените пакувања биле обележани дека содржат накит, но наместо тоа внатре имало неидентификувани семиња. Како што растат тензиите меѓу двете земји, постои загриженост дека пакетите содржат инвазивен вид.

По приемот на пакетите, неколку луѓе ги контактирале надлежните власти. Властите ги советуваат луѓето кои ќе примат вакво семе да не го садат или фрлаат и да чекаат понатамошни упатства. Одделот за земјоделство и услуги за потрошувачи во Вирџинија објавија дека примиле над 900 мејлови за луѓе кои го примиле семето.

Кароли Бул, професор кој го води Одделот за растителна патологија и микробиологија на животната средина на Универзитетот Пен, објасни зошто луѓето се толку загрижени за семето: „Причината поради која луѓето се загрижени е – особено ако семето е семе на слична култура што се одгледува за приход и храна или храна за животни – дека може да има растителни патогени или инсекти што се засолниле во семето.“

Сепак властите веруваат дека станува збор за „четкање“ измама со која се користат продавачите, да испратат многу евтин производ бесплатно и да добијат добар рејтинг.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.