Мистериозни шумови и смрдеа – што се крие во Џиновска дупка во јеменската пустина наречена „Пеколниот бунар“?
Во источниот дел на Јемен, во пустината близу провинцијата Ал-Махра, се наоѓа огромна дупка во земјата широка околу 30 метри, позната како Бархаут или „Пеколниот бунар“. Според локалните легенди, ова место е создадено како темница за зли духови, и многумина веруваат дека само зборување за него носи несреќа.
Местото долго време предизвикувало страв – луѓето кои се обиделе да се спуштат внатре сведочеле за непријатен мирис налик на скапани јајца, што ја зајакнало вербата во неговата проколнатост.
Митови, стравови и откритија
Сепак, на 15 септември 2021 година, група спелеолози од Оман успеала да се спушти на дното на дупката. На длабочина од 112 метри тие откриле подземни водопади, чии звуци го создавале мистериозното шепотење. Мирисот потекнувал од вода богата со сулфуроводород. На дното била откриен мал подземен екосистем со чиста вода и интересни форми на „пештерски бисер“ – округли камчиња од калцит.
Иако за локалното население дупката сè уште е обвиена со митови, геолозите објаснуваат дека Бархаут е природна карстова формација создадена од вода која постепено го раствора варовникот – феномен што се среќава и на други места во светот.
Коментирај анонимно