Мистериозните кратери на Јамал: научниците ја открија историјата за нивното потекло
На полуостровот Јамал, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сибир, во 2014 година светот слушна вест за мистериозен кратер кој ненадејно се појави во овој регион.
Длабочината на кратерот беше 50 метри, а изгледаше како да се случила силна експлозија таму. Оттогаш, научниците и локалните жители открија уште неколку такви кратери. Изнесени се многу верзии за нивното потекло – од паѓање на метеорити до експлозии на природен гас. Сепак, новата студија спроведена од група научници конечно фрли светлина врз оваа мистерија.
Според студијата објавена во списанието „Geophysical Research Letters“, кратерите се формираат како резултат на ослободување на метан од подземните резервоари со зголемувањето на температурите. Научниците открија дека под слојот земја, кој замрзнува во зависност од сезоната, има дебел слој од вечен мраз од глина. Помеѓу почвата и вечниот мраз има езерца со многу солена вода, кои се кристализиран раствор на метан-вода.
Во последните децении, со зголемувањето на температурите и со должината на летниот период, почвениот слој почнува да се топи до сè поголема длабочина. Кога ова одмрзнување ќе достигне солено езерце, притисокот од топената вода создава пукнатини во почвата и нагло се намалува притисокот. Овој процес го дестабилизира метанскиот хидрат, ослободувајќи експлозивен метански меур на површината.
Иако експлозиите се случуваат ретко, тие можат да испуштаат значителни количини метан, што може да има сериозно влијание врз глобалното затоплување, велат истражувачите.
Коментирај анонимно