Премини на МотикаX

Мистериозните саркофази од 100 тони во Сакара – создадени со неверојатна прецизност и гробница за

Серапеумот во Сакара, сместен северозападно од пирамидата на Џосер, е древен некропол за кој археолозите веруваат дека служел како гробница за свештените бикови Апис. Овие животни биле сметани за живи инкарнации на богот Птах и имале значајна улога во религиозниот живот на древниот Египет. Комплексот бил изграден околу 1300 година п.н.е., за време на владеењето на Рамзес II.

Од неговото откривање во 1850 година, Серапеумот предизвикува голем интерес. Внатре се наоѓаат 25 масивни камени саркофази, тежки меѓу 70 и 100 тони. Тие се направени со извонредна прецизност, што укажува на напредни познавања во геометријата и математиката кај древните Египќани. Капаците на овие саркофази, некои со тежина до 30 тони, исто така се изработени од исклучително цврст камен. Некои од нив биле отворени со експлозиви, но внатре не биле пронајдени никакви остатоци, што отвора прашања за нивната вистинска намена.

 

 

Мистериозните саркофази од 100 тони во Сакара

Биковите Апис биле клучен дел од египетскиот култ, а саркофазите, изработени главно од розов гранит од карпите во Асуан (800 км оддалечени од Сакара), сведочат за огромниот труд вложен во нивната изработка и транспорт. Некои дури се направени од диорит, уште потврда карпа, која се наоѓа уште подалеку.
Прецизноста со која се поставени овие мегалитски саркофази е фасцинантна, бидејќи отстапувањата во мерењата се минимални. Останува мистерија како древните Египќани постигнале ваква совршеност и кои алатки ги користеле. Некои истражувачи предлагаат теории за можни надворешни извори на знаење и технологии, но овие хипотези сè уште бараат понатамошни докази.

 

Биле создадени со неверојатна прецизност