Мистериозно суштество кое демне низ дворовите во мало гратче во Тексас, ги збуни жителите: „Дали е тоа ЧУПАКАБРА?“

Чудно суштество со четири нозе што демне во двор, ги збуни жителите на мал град во Тексас, па дури и стручњаците за животни кои не можат да сфатат за каков тип на животно станува збор.

 

 

Тина Калиг, од селото Хил Кантри, направи фотографија од бизарното, жолтеникаво-кафено животно кое изгледа како големо куче, со долга опашка која речиси ја допира земјата и многу големи, шилести уши.

„Бев дома и погледнав во дворот“, изјави Калиг за КЕНС 5 .

„И си помислив: „Леле, што е тоа?“

 

 

Мистериозното суштество шетало низ нејзиниот двор, па дури и застанало да јаде бобинки од грмушката во нејзиниот двор.
Калиг, не сигурна што би можело да биде животното, го објави видеото на социјалните мрежи и побара од луѓето помош да го идентификуваат.

„Чупакабра“, се насмеа Калиг. Името се однесува на митско суштество кое личи на рептил и го имало во делови на Америка, за кое се вели дека скока како кенгур и напаѓа и ја пие крвта на добитокот.

„Некои луѓе мислат дека тоа е мешавина од којот и куче“.

 

Постои локална легенда околу селото Хил Кантри, кое е само околу 30 километри северно од центарот на Сан Антонио, за стар планински лав кој талка низ областа, но тоа никогаш не е документирано.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *