Митови за Викинзите кои не` натераа да веруваме дека тие биле груби дивјаци без култура кои палеле се` пред себе

Култните филмови остануваат во нашите умови долго време. Покрај тоа, ако се појави историски лик на екранот, гледачите стануваат сигурни дека така изгледала и личноста која ја толкува. На пример, благодарение на кинематографијата, многу луѓе се сигурни дека Викинзите биле вистински дивјаци кои не се капеле и немале чувства.

Одлучивме да откриеме каков бил начинот на живот на Викинзите во реалноста и разбиваме популарни митови за овие неверојатни луѓе.

Мит #1: Тие носеле шлемови со рогови.

Првата слика на Викинзи со шлем со рогови се појавила во популарното издание на древната исландска сага за Фритиоф, во 1825 година. Всушност, скандинавските воини ретко носеле шлемови. Обично, тие се шетале со голи глави, и ако носеле шлемови, тие биле едноставни (од кожа или метал), со заштита на лицето. Тие користеле рогови за друга работа, пиеле од нив за време на гозбите и дувале во нив, а тоа било начин на комуникација.

Мит #2: Не се грижеле за личната хигиена.

Археолозите откриле разни викиншки хигиенски предмети како пинцета, чешли, средства за чистење уши, чепкалки за заби и сл. Англискиот хроничар, Џон од Валингфорд, ги опиша како „добро негувани“. Џон пишува дека овие силни мажи ја чешлале косата секој ден, се бањале секоја сабота и често менувале облеката. Викиншката брада можела да биде било која должина, но секогаш била уредна.

Мит #3: Носеле плетенки.

Мажите имале шишки, а косата им била кратка. Тие всушност ја следеле модата за фризури. На пример, бидејќи русокосите момци се сметале за екстремно привлечни во Северна Европа, темнокосите Викинзи ја осветлувале косата, па дури и брадата (во некои региони).

Мит #4: Мажите биле високи и мажествени.

Исхраната во тие времиња не била многу добра, затоа децата растеле побавно отколку во денешно време и луѓето, генерално, не биле високи. Просечната висина на мажите била 170cm, а на жените 160cm. Физичкиот труд ги правел телата на луѓето силни, но големите оптоварувања предизвикувале проблеми со зглобовите.

Лицата на мажите и жените биле многу слични. Машките лица биле малку поженствени, а женските биле малку помажествени, со изразени вилици и веѓи. Тоа е причината зошто понекогаш е тешко за археолозите да го одредат полот на Викинзите само од остатоци од нивните черепи.

Исто така, и жените и мажите користеле црна шминка околу очите.

Мит #5: Секој средновековен Скандинавец бил Викинг.

 

Норвешките имаа 2 збора – „viking“  (рација) и „vikingr“ (напаѓач). Англосаксонците имаа сличен збор „wicing“. Првично, тоа значело „пират“, но со текот на времето се претворло во име за нордиски грабежи. Ова значи дека не сите Скандинавци биле Викинзи.

Викинзите биле млади луѓе кои се стремеле да одат во потрага по богатство и авантури. Затоа Викинзите немаа централизирана држава. Археолозите продолжуваат да ги пронаоѓаат нивните траги низ целиот свет.

Мит #6: Тие пловеле со бродови со глави на змејови.

Единствениот доказ за тоа се скандинавските цртежи на sидовите на Аја Софија во Истанбул, на кои е прикажана мала флота бродови со глави на змејови. Археолошките докази се двосмислени.

Единствениот брод украсен со глава на змеј, е пронајден во Данска. Не е зачуван целосно, но „гривата на змејот“, направена од железни кадрици, преживеала.

Мит #7: Тие биле единствените жители во средновековна Скандинавија.

Скандинавија била населена и со „Сами“-полуномадски народ кој живел на далечниот север, во Норвешка, Шведска, Финска и некои делови на Русија. Норвежаните овие луѓе ги нарекле Финарци. Двете групи активно тргувале и често склучувале бракови едни со други.

Мит #8: Тие биле обични разбојници.

Викинзите станале познати по брутални напади врз други народи. Еден од најпознатите примери бил кога ги нападнале монасите од островот Линдисфарн на северот од Англија, ја уништиле нивната позната библиотека и им ги одземале сите богатства.

Сепак, повеќето експедиции биле поврзани со трговијата. Покрај тоа, нордиските воини биле патници и истражувачи. Не само што патувале низ Европа, туку и во Централна Азија и некои региони во Африка.

Исто така, археолозите пронашле траги од Скандинавци во Северна Америка. Морнарот, Леиф Ериксон, може да е првиот Европеец што стапнал на  „Новиот свет“. Ова ни дозволува да претпоставиме дека Америка била откриена во 11 век, долго пред Кристофер Колумбо.

Мит #9: Тие никогаш не останувале на истото место.

Во втората половина на 20 век, добро сочувани викиншки куќи, облека, накит и други работи биле пронајдени за време на археолошките ископувања што биле спроведени во областа Копергејт во англискиот град Јорк. Оттогаш научниците ја сменија идејата за Викинзите и почнаа да ги сметаат за семејни луѓе со постојано место на живеење.