Млад човек бара совет за женење од Мудрецот (виц)

Отишол еден млад човек кај еден мудрец и му рекол:
– О, Мудрецу, дојдов кај тебе за совет! Сакам една жена и сакам да се оженам со неа, но таа не е девствена. Постарите ми велат дека жената мора да е девствена, но јас не разбирам зошто. Те молам објасни ми ја таа работа.
– Тоа е многу просто – рекол мудрецот насмевнувајќи се.
Потоа извадил од џебот две бонбони. Едната била завиткана и шарена, а другата веќе распакувана.
– Која бонбона ќе ја одбереш? – прашал мудрецот.
– Распакуваната! – одговорил сигурно човекот.
– Зошто? – се зачудил мудрецот.
– Затоа што не знам што има завиткано во хартијата Мудрецу, а оваа распакуваната гледам дека на вистина е бонбоната што ми се допаѓа.
– Ај марш у пи*ку матер! – се изнервирал мудрецот. – Целата приказна ми ја расипа!